Оглас за вработување во Џонсон Мети

Оглас за вработување во Џонсон Мети

КОНТРОЛОР ЗА БЛАГОРОДНИ СОЛИ

(PGM CONTROLLER)
Реф. бр. 2015014

Џонсон Мети има потреба од Контролор за благородни соли кој ќе се придружи на нашиот тим во Производство во фабриката за автокатализатори во Скопје.

Кандидтатот ќе биде одговорен за:

    Следење на движењето на благородните соли во фабриката во Скопје
    Воведување и контролирање на системи и процедури кои ќе помогнат за физичко следење на
    благородните соли во фабриката во Скопје, особено преку
    Неделни, дневни и сменски контроли на добивки / загуби на смесите во производствениот процес
    Добивки / загуби на смесите на секој поединечен производствен процес
    Активна улога во минимизирање на одпадни води од благородните соли
    Обезбедување ефикасна контрола на секој поединечен производствен процес користејќи SAP
    Проактивен и одговорен пристап кон правилата за заштита на животна средина, здравје и безбедност при работа во тимот, и сл.


Идеално, кандидат треба да поседува:

    Универзитетска диплома по Економија или Математика
    Најмалку 2 години релевантно работно искуство
    Способност за работа како дел од производствен тим, комуникативност и одржување на добри меѓучовечки односи
    Напредно познавање на Microsoft Office (Word, Excel) и јаки нумерички вештини
    Работно познавање на SAP и Visual Basic  (ќе се смета за предност)
    Неопходно е владеење на говорен и пишан англиски јазик.


Доколку сте заинтересирани испратете Ваша биографија и писмо за мотивација на англиски јазик на следнава e-mail адреса: mkjobs@matthey.com

Ве молиме Вашата биографија и писмо за мотивација да бидат испратени како MS Word документ и задолжително наведете го референтниот број на огласот во предметот на пораката. Во спротивно Вашата апликација нема да биде разгледана.

Со испраќање на Вашата апликација давате согласност Вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од една (1) година.

Краен рок за прием на апликациите е: 03/04/2015

Џонсон Мети обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува апликациите од соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, хендикепираност, возраст, сексуална ориентација, религија или убедување