Оглас за вработување во Македонијалек

Оглас за вработување во Македонијалек

Македонијалек дооел Скопје, за проширување на својот тим има потреба од два Дипломирани фармацевти за работа во Комерцијалното одделение.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:
-Дипломиран фармацевт со лиценца,
-Возачка дозвола и активно возење,
-Англиски јазик,
-Работа со Office апликации

Примарни работни задачи и обврски, за наведената позиција
-Прием и обработка на нарачки,
-Контакт со комитенти и работа на терен,
-Планови и анализи на продажба и наплата,
-Комплетна грижа за комитенти.

Заинтересираните кандидати своите апликации да ги испратат на меил- info@makedonijalek.com.mk, со назнака За Дипломиран фармацевт, најдоцна до 15.04.2015 година.