Оглас за вработување во Стопанска комора

Оглас за вработување во Стопанска комора

Врз основа на чл. 22 и 23 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија" бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13 и 187/13, 113/14), Стопанската комора на Македонија, објавува 

ОГ Л АС 
за прием на работник на определено време 

Стопанската комора на Македонија- Регионална комора со седиште во Штип, има потреба од вработување на определено време (три месеци), на еден извршител, за работно место соработник за работи за регионалните канцеларии, вклучувајќи и работи на утврдување на факти, на издавање на уверенија, потврди и други исправи, во Стручната служба на Стопанската комора на Македонија- Регионална комора со седиште во Штип.

Кандидатот треба да ги исполнува следните услови:
Висока стручна подготовка;
Познавање на англиски јазик;
Владеењне на MS Office;
Возачка дозвола Бкатегорија;
Развиени комуникациски вештини;
Способност за тимска работа
Флексибилност и самоиницијативност
Професионални знаења:
Познавање на надворешно- трговско работење, вклучувајќи и царинско- шпедитерско работење;
Познавање на административно- канцелариско работење;
Работно искуство од најмалку 5 години на работи во надворешнотрговско работење.

Работното време е 40 часа неделно. Работното време е клизно во периодот од 08:00- 08:30 часот наутро до 16:00- 16:30 часот попладне.

Основната нето плата изнесува 25.935,00 денари, месечно.

Кандидатите треба во прилог на апликацијата да достават кратка биографија, копија од уверение за завршено високо образование, копија од сертификат за познавање на англиски јазик, MS Office и потврда за работното искуство, на следната адреса: Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски" бр. 13- Скопје Рокот за пријавување е пет работни дена сметано од денот на објавувањето на Огласот. Изборот ќе се изврши најдоцна во рок од 45 дена по истекот на рокот за пријавување.