Потребни се илјадници статисти за снимањето на

Потребни се илјадници статисти за снимањето на "Vikings"

Подготвил: Драгана Петрушевска

Дали некогаш сте сакале да бидете дел од армија Викинзи? Сега можете.


„Викинзи“ ќе започне со снимањето на четвртата сезона во Ирска кон крајот на април. Веќе популарната и успешна серија објави повик за најмалку 8.000 статисти кои би работеле на снимањето во Ирска. Канадско-Ирската продукција неодамна започна да ја прикажува третата сезона, а во април започнува со снимањето на четвртата сезона.

Продуцентите вчера објавиле дека им се потребни илјадници статисти, а изборот ќе биде извршен во Даблин. Работата е привремена и необична, но потребни се 8.000 луѓе, па шансите за примање се мошне високи. Успешните статисти може да бидат повикани на снимање помеѓу април и декември.

Кандидатите треба да имаат повеќе од 16 години. Добредојдени се луѓе од различни етнички припадности. Не е потребно закажување. Процесот на пријавување и сликање трае приближно 20 минути. Потребни се луѓе кои би играле рибари, мајстори, хирурзи, мажи со долга коса и брада и луѓе кои зборуваат латински.

Аудициите се на 31 март, 1 април и 7 април.

Повеќе информации пронајдете ОВДЕ.