Стипендии од УАКС за средношколци

Стипендии од УАКС за средношколци

Врз основа на член 11 од Статутот на Фондацијата за стипендирање и професионален развој на Универзитетот Американ Колеџ Скопје, Управниот одбор на Фондацијата распишува 

КОНКУРС
ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ШЕСТ СТИПЕНДИИ ЗА ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ ЗА СТУДЕНТИ
ВО ПРВА ГОДИНА ВО УЧЕБНАТА 2015/16 НА УНИВЕРЗИТЕТОТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ

I ОПШИ ИНФОРМАЦИИ И УСЛОВИ ЗА ДОБИВАЊЕ СТИПЕНДИЈА

Фондацијата за стипендирање и професионален развој на Универзитетот Американ Колеџ Скопје во својата програма има за цел да го промовира квалитетниот кадар и во исто време да го помага и следи во текот на неговото школување. За таа цел, Фондацијата УАКС во соработка со Универзитетот Американ Колеџ Скопје доделува стипендии за студирање на одделни факултети на УАКС.

1. СТИПЕНДИРАЊЕ УЧЕНИЦИ ОД СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА

Согласно програмата на фондацијата УАКС за стипендирање на ученици за учебната 2015/2016 г. ќе бидат доделени 6 стипендии и тоа:

Факултет за деловна економија и организациони науки 2
Факултет за архитектура и дизајн 2
Факултет за правни науки 1
Факултет за компјутерска техника и информатика 1
Вкупно 6

2. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА

Право на стипендија имаат учениците кои завршиле четврта година во јавните или приватните средни училишта во Република Македонија, а ги исполнуваат следните услови:

1. Да се редовни ученици;
2. Да имаат положено државна матура.

Ќе се доделат СТИПЕНДИИ на секој од наведените Факултети и тоа:

Факултет за деловна економија и организациони науки
- 1 целосна стипендија
- 1 делумна стипендија во висина од 50% од школарината

Факултет за архитектура и дизајн
- 1 целосна стипендија
- 1 делумна стипендија во висина од 50% од школарината

Факултет за правни науки
- 1 делумна стипендија во висина од 50% од школарината

Факултет за компјутерска техника и информатика
- 1 делумна стипендија во висина од 50% од школарината