17 годишното момче откри ДНК мутации кои можат да се борат против ХИВ и менингитис

17 годишното момче откри ДНК мутации кои можат да се борат против ХИВ и менингитис

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Како и повеќето деца кои се насочени кон науката, така и Ендрју Џин е заинтересиран за еволуцијата на човекот.

 

1


Ендрју е еден од трите победници на овогодинешниот натпревар „Intel Science talent search“. Тој освои 150.000 долари, за неговиот проект, односно машина за учење на алгоритми кои детектираат мутации во човечкиот геном - мутации кои еден ден може да се искористат за создавање на лекови за борба против болести како што се ХИВ и шизофренијата.

На почеток Џин сакал да истражува како луѓето еволуирале во текот на последните 10.000 години. „Тоа го правев поради љубопитноста што ја чувствував“, вели тој. „Започнав да размислувам за природната селекција и еволуцијата; разбираме толку многу за нејзината теорија, но ништо не знаеме во реалноста. Бев љубопитен и за мутациите кои ни помогнаа да бидеме софистицирани човечки суштества“, додава тој.

Џин одлучил да испитува 179 човечки ДНК секвенци од различни делови во светот. Секоја секвенца се состои од 3 милиони базни парови на ДНК - премногу за да се истражуваат без помош на алгоритам. На тој начин тој создал машина за учење на алгоритми и пронашол 130 потенцијално адаптивни мутации, кои се поврзани со одговорот на имунитетот и метаболизмот, кои играа голема улога во еволуцијата на човекот.

Работејќи во летната програма на Институтот за технологија во Масачусетс, Џин открил неколку мутации, вклучувајќи ги и оние вклучени во отпорноста на менингитисот и намалената чувствителност на вируси како ХИВ или грип, кои потенцијално би можеле да се користат од фарамцевтските компании за развивање на лекови.

После запишувањето на колеџ, Џин планира да работи во полето на компјутерските науки и биологијата.