Кое е најдоброто место за вашиот рутер?

Кое е најдоброто место за вашиот рутер?

Подготвил: Драгана Петрушевска

Електромагнетна радијација - можеби звучи како нешто што би требало да го одбегнувате, но електромагнетните бранови од повеќе видови ги стимулираат нашите чувства и го одредуваат начинот на кој комуницираме со светот - од светлината со која го гледате светот до брановите кои го носат сигналот од рутерот до вашиот компјутер или телефон.


Речиси секој облик на комуникација денес е овозможен од електромагнетните бранови. Електромагнетната радијација која се испушта од вашата антена на рутерот се создава од мала струја која осцилира на 2,4 гигахерци (2,4 милијарди пати во секунда).

Сигналите од рутерот патуваат полесно низ слободен простор, такашто идеалната положба на рутерот дефинитивно треба да биде видлива од местото кадешто го користите интренетот. Доколку приемот е лош на одредена положба, дури и најмала промена на положбата на рутерот може да предизвика значајно подобрување.

За да ги пронајдете најдобрите точки во просторијата кадешто брановите слободно течат потребни ви се равенки и алат. Постои апликација со која може да се симулира сето ова - „Wi-fi solver“.