Оглас за вработување во АД Европа
AД Европа е компанија која остава свој белег на голем број генерации и тоа признание гордо го носи повеќе од 130 години, што ја прави една од најстарите компании во кондиторската индустрија на Балканот. Така, пренесувајќи го искуството и зголемувајќи го квалитетот низ повеќе генерации, таа станува она што е денес – стабилна индустриска компанија со продажба на своите производи на странски и домашен пазар.
Поради отварање на специјализиран штанд во Skopje City Mall објавува оглас за работно место Продавачка за сопствена малопродажба (2 извршители).
Задачи на работното место:
-Ја организира и реализира продажбата на готови производи во продавница;
-Прави навремени нарачки на потребните производи;
-Врши прием на производи и ја контролира квалитативната и квантитативната исправност на примените производи;
-Ги складира примените производи, ги подредува на рафтовите, како и во специјалните садови;
-Врши контрола на исправноста на производите во продавницата;
-Запишува и води трговски книги
-Познава соодветни регулативи во однос на продажбата
-Се однесува во согласност со усвоениот Кодекс на однесување
Услови за кандидатите:
- ССС (економски смер или гимназија)
- Брзина, прецизност, одговорност, ефикасност во работата
- Организираност, аналитичност, ефективност
- високо развиено чувство за естетски вредности, креативност
- одлични комуникациски вештини и тимска работа
Компанијата нуди:
- Можност за вработување на неопределено време
- Можност за стручно усовршување
- Можност да ја развивате својата кариера во една добро позната компанија со долгогодишна традиција
- Динамична работа во професионално окружување
- Редовни месечни примања, надоместоци и бенефиции
- Месечна нето плата во опсег од 12.000 до 14.000 денари, плус бонус од продажба на месечно ниво
Ги охрабруваме сите кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови, без разлика на пол, возраст, раса, националност, вероисповед или било каква попреченост да го прифатат овој предизвик, да испратат свое CV и Мотивационо писмо со назнака Аликација за Продавачка на mail: aleksandraј@evropa.com.mk
Само избраните кандидати ќе бидат повикани на селективно интервју и тестирање.