Оглас за вработување во Бирото за развој на образованието

Оглас за вработување во Бирото за развој на образованието

Врз основа на член 6 став 1 точка 2, член 7 став 1 алинеја 9 од Законот за Бирото за развој на образованието („Службен весник на РМ" бр. 37/06, 142/08, 148/09, 69/13, 120/13, 148/13 и 41/14), член 3 став 1 алинеја 1, член 4 став 1, 3, 4 и 5 и член 10 и 11 од Правилникот за начинот, постапката и критериумите за избор на надворешните соработници и утврдување на висината на авторските надоместоци и надоместоците за други услуги на Бирото за развој на образованието бр. 012840/1 од 16. 04. 2009 година, бр. 0110943/1 од 09. 10. 2009 година, бр. 0112210/1 од 18. 11. 2009 година, бр. 011207/2 од 08. 11. 2013 година, бр. 01534/1 од 04. 06. 2014 година, бр. 01534/2 од 13. 10. 2014 година и бр. 01534/3 од 31. 10. 2014 година Бирото за развој на образованието објавува

КОНКУРС
за избор на надворешни соработници за стручна работа на Бирото за развој на образованието


1. Изработка на наставни програми
1. 1. изработка на нови наставни програми за наставниот предмет работа со шмпјутер и основи на програмирање за трето, четврто и петто одделение од деветгодишното основно образование

2. Надворешните соработници кои ќе се ангажираат се избираат и рангираат според следниве критериуми.
а) за соработниците одучилиштата треба да имаат:- високо образование за соодветната област- подрачје;- најмалку три години работно искуство во воспитнообразовната работа; објавени стручни трудови кои се од значење за унапредување на воспитанието и образованието, самостојно или како дел од тим; учествувано со свои трудови на стручни собири од областа на образованието; учествувано во истражувачкоразвојни проекти од областа на образованието.

б) за соработниците од факултетите и институтите:- да имаат завршено најмалку магистерски студии;- да имаат работно искуство во воспитнообразовната или научната дејност;- да имаат објавено стручни, односно научни трудови кои се од значење за унапредување на воспитанието и образованието;- да имаат учествувано со свои трудови на научни и стручни собири за образованието;- да имаат учествувано во истражувачкоразвојни проекти од образованието.

а) Како дополнителни критериуми за избор на надворешните соработници се:- познавање на компјутерски вештини;- други способности и вештини за извршување на работите. Начин на пријавување и избор на соработници Кандидатот треба да достави пријава во која се наведува наставната програма од конкурсот за која се пријавува и следната документација: биографија, потврда за работно искуство, уверение, сертификат и слично, стручни трудови за исполнување на условите утврдени со објавениот конкурс.

Конкурсот трае 10 дена од денот на објавувањето во средствата за јавно информирање. Избраните надворешни соработници кои ќе бидат вклучени во стручни тимови ги доставуваат наставните програми, до Бирото кое има право да врши стручни измени и дополнувања заради подобрување на квалитетот.

Пријавите со некомплетна документација (биографија, потврда за работно искуство, уверение, сертификат и слично, стручни, односно научни трудови за исполнување на условите утврдени со објавениот конкурс) и ненавремено доставените документи нема да бидат предмет на разгледување на Комисијата. Пријавите со потребната документација се доставуваат во архивата на Бирото за развој на образованието- Скопје, или по пошта со препорачана пратка на адреса: Биро за развој на образованието, ул. „Руѓер Бошковиќ" бр. 20, Карпош II, п. фах 172, 1000 Скопје, тел. 3089031 (контакт лице Ирена Борисовска).