Оглас за вработување во Педагошкиот факултет - Битола
Врз основа на чл. 131 и член 135 од Законот за високото образование и член 34 од Правилникот за критериумите и постапката за избор во наставнонаучни, наставни, научни, наставно- стручни и соработнички звања на Универзитетот „Св. Климент Охридеки Битола, Педагошкиот факултет- Битола единица во состав на Универзитетот „Св. Климент Охридски" Битола, објавува
КОНКУРС за избор на наставинк
1 Се распишува Конкурс за избор на еден наставник во сите наставнонаучни звања во областите 51000 Општа психологија. 51004 Развојна Психологија и 51005 Психологија на образование и воспитување,
Кандидатите покрај општите услови треба да ги исполнуваат и посебните услови предвидени со Законот за високото образование („Службен весник на Република Македонија. бр. 35/2008, 103/2008, 26/2009, 83/2009, 99/2009, 115/2010, 17/2011. Статутот и Правилникот за критериумите и постапката за избор во наставнонаучни, наставни, научни, наставностручни и соработнички звања на Универзитетот „Св. Климент Охридски,- Битола.
При изборот на кандидатите ќе се применуваат критериумите за избор во наставнонаучни зваља од член 125 од Законот за високото образование („Службен весник на Република Македонија, бр, 35/2008, 1 03/2008, 26/2009, 83/2009, 99/2009, 115/2010, 17/2011.
Изборот на кандитите се врши за период од пет години. Почетокот, завршетокот и распоредот на работното време и паричниот износ на основната плата (во бруто игзнос: 38. 000/40. 800/44. 920) сс променливи и се определуваат во согласност со актите на Факултетот, според распоредот на наставата во семестарот, ангажираноста и звањето во кое е избран наставникот.
Кон пријавата кандидатите треба да достават: биографија, документи за завршено образованив, опис за движењето во службата, список на објавени научни и стручни трудови и самите трудови, извод од матичната книга на родените, уверение за државјанство и позитивна оденка од самоевалуацијата.
Документите се поднесуваат во оригинал или копија заверена иа нотар.
Изборот ќе се изврши во рокот утврден во Законот за високото образование.
Конкурсот трае осум (8) дена од денот на објавувањето во дневниот печат.
Пријавите се поднесуваат лично во архивата на Педагошки факултетБитола или но пошта на адреса, Педагошки факултетБитола, ул. „Васко Карангелевски" бб. Битола. Лице за контакт, секретарот на Педагошки факултетБитола. Некомплетирани и ненавремено доставени документи немада се разгледуваат. Педагошкиот факултет- Битола