Земјата имала слој за кој никој не знаел досега

Земјата имала слој за кој никој не знаел досега

Подготвил: Драгана Петрушевска

На илустрацијата гледате едноставен приказ на слоевите од Земјата. Тука не е покажан еден слој. Тој штотуку бил откриен.



Многу малку знаеме за Земјата, особено за нејзината внатрешност. Се' што гледаме се наоѓа само на површината на Земјата, што е дебела само 4 милји под океаните, а 20-30 на земјата. Радиусот на Земјата има речиси 4.000 милји. Земјата има многу тајни скриени во себе. Од денес, таа има тајна помалку.

Тим истражувачи штотуку објавиле труд во „Nature geoscience“ откривајќи нов слој од прекривката на Земјата (делот меѓу надворешното јадро и површината). Новиот слој се наоѓа некаде на средината на овој дел.

Ловел Мијаги, геолог од Универзитетот во Јута изјавува за медиумите: „Земјата има многу слоеви, како кромид. Повеќето слоеви се одредуваат според минералите присутни во нив. Новиот слој не е одреден од присутните минерали, ами од количеството на минералите.“

Никој досега не копал толку длабоко во земјата. Мијаги и неговиот тим ја сториле втората најдобра работа - ги создале условите во експеримент. Тие користеле дијамантски алатки за создавање на условите.