Оглас за вработување во ЕВН Македонија

Оглас за вработување во ЕВН Македонија

EВН Македонија е компанија чија главна дејност е дистрибуција и снабдување со електрична енергија во Р. Македонија. На македонскиот пазар компанијата влезе во 2006-та година како дел од групацијата EVN. Нашата најзначајна цел е сигурно и квалитетно снабдување на корисниците со електрична енергија по конкурентни цени


За во одделот Мерење и броила / група Мерна техника потребeн е:


СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА МЕРНА ТЕХНИКА

Опис на работните задачи

• Проверка и одржување на далечинската комуникација со постоечките броила/ / модеми кај домаќинства, индустриски и СОХО потрошувачи инкорпорирани во софтверот за GSM/GPRS далечинска комуникација со броила
• Внесување на нови мерни места (броила / модеми) и изготвување на извештаи во/од истиот софтвер
• Проверка и одржување на далечинската комуникација со т.н. "Smart" / PLC систем / AMI/AMR софтвер за далечинска комуникација (преку НН мрежа) со директни броила (домакинство и СОХО) - отчитување, исклучување / вклучување.
• Следење на потрошувачката, изготвување на извештаи и биланси на ЕЕ од двата софтвери.


Потребни квалификации и лични карактеристики

• Високо образование Електротехнички факултет, насока Електроенергетика;
• Познавање на програмски јазици C++, Visual Basic ке се смета за предност
• Одлично познавање на MS Office пакетот
• Одлично познавање англиски јазик
• Возачка дозвола Б категорија.

Доколку сте заинтересирани за кариера во ЕВН Македонија, на jobs@evn.mk испратете куса биографија и мотивационо писмо со назнака за оглас број 031512, или пополнете ја електронската апликација на нашата интернет-страница www.evn.mk најдоцна до 03.04.2015 година.

Вашиот успех е и наш успех, бидете дел од тимот на ЕВН Македонија!

ЕВН е компанија која нуди еднакви можности и правичен третман при вработување на сите лица без оглед на нивната раса, пол, религија, национална припадност, вид на попреченост или политичка припадност.