Вселенски колонии - концептот на НАСА уште од 70-те

Вселенски колонии - концептот на НАСА уште од 70-те

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Во 1970-те, НАСА одржа серија на летни училишта со цел да ги испита практичките дизајни за идни вселенски колонии. Уметниците ги илустрирале токму овие концепти.

 

колонии


Колониите биле замислени како целосни автономни живеалишта со вештачка гравитација, вештачки временски услови, кадешто луѓе би можеле да живеат цел живот.

НАСА замислила три главни типови на колонии: кружни, сферични и цилиндарски. Сите би ротирале со цел да ја симулираат гравитацијата на Земјата, а би биле осветлени од огромни огледала кои би ги рефлектирале сончевите зраци. Градежните материјали би биле минирани од месечината и астероидите. 

 

Линк до галеријата.