Како да го изберете правилниот таблет?

Како да го изберете правилниот таблет?

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Се чини дека времето пред таблетите е заборавено, а сепак не беше толку одамна (пред скоро 4 години), кога се појави првиот Apple iPad со што се роди и пазарот на таблетите.

 

1


Отогаш, порастот на продажбата нагло се зголеми, а аналитичарите сметаат дека таблетите ќе преземат и пазарот на десктоп компјутерите до крајот на годината.


Но, како да знаете кој таблет е за вас? Што треба да земете во предвид кога размислувате за купување на таблет?

Што сакате да правите со вашиот таблет?


И покрај 4 годишното развивање на таблетите, се`уште е рано да се каже дека таблетите можат целосно да ги заменат компјутерите или паметните телефони. Можете да читате книга, да играте игри на таблетот, меѓутоа се`уште постојат ерономски бенефиции кај десктоп компјутерите и лаптопите и секако, тоа треба да го земете во предвид.

Изберете го вашиот оперативен систем

Исто како кај компјутерите, ако купувате таблет, потребно е да изберете на кој оперативен систем ќе работи. МОментално, Apple води со неговиот iPad, а Android со многу хардверски избори како Acer, Amazon, Asus, Samsung и други. Исто така, Windows 8 таблетите се одличен избор, доколку џебот ви е длабок.

Генерално кажано, најдобар е iOS на Apple, оперативниот систем на iPad.

Кога станува збор за квалитетот на апликациите, ништо не го победува iPad-oт со неговите еден милион програми и игри дизајнирани специјално за Apple таблетите. Продавницата на Apple е одлична, нуди длабок избор и ја вклучува секоја популарна апликација којашто можете да ја замислите.

Android е близу со изборот на апликации и нуди апликации со висок квалитет, меѓутоа не е толку добар како Apple.

Големина на екран и меморија

И екранот и меморијата, односно капацитетот на меморијата се нешта кои треба да се земат во предвид. Кога ќе го слушнете терминот „10 инчен“ или „7 инчен“ таблет, тоа се однесува на неговиот екран. 7 инчните таблети се сметаат за помал екран, додека 8.9 или 10 инчните таблети се сметаат за голем екран.