Како да се ослободите од стресот на работа?

Како да се ослободите од стресот на работа?

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Покрај сите рокови, притисоци и одговорности, сосема е нормално човек да чувствува голем стрес.

 

stres


Дали знаете зошто така се чувствувате? Едно неодамнешно истражување објавено во магазинот „Journal of Marketing Research“, открива дека емоционалните конфликти и чувството на вина или страв можат да предизвикаат така да се чувствувате, но не затоа што навистина е така.

Научниците на учесниците им рекле да размислуваат за пополнување на низа на задачи, а потоа ги замолиле да ја замислат истата ситуација, меѓутоа додека се во конфликт еден со друг, без разлика дали се работи за време или ресурси. Резултатите покажале дека учесниците се чувствувале лошо, без оглед на причината за конфликт.

Ви звучи познато?

Добрата вест е тоа што постојат мали трикови кои ќе ви помогнат да се соочите со стреост на работа.

1. Дишење

Верувале или не, дишењето е најлесниот начин за борба против стресот, такашто кога и да се чувствувате дека ќе ви експлодира главата, длабоко вдишете. Фокусирајте се на длабоко и бавно дишење, како да медитирате. Избројте до 5 додека вдишење и до 6 додека издишете.

2. Поделете го списокот на обврски во четири делови


Обичната хартија поделете ја на 4 делови, па на секој квадрат напишете: „итно“, „не е итно“, „важно“, „не е важно“. Потоа подредете ги задачите во сите тие четири групи и најпрво започнете да ги извршувате оние кои се „итни“ и „важни“. Откако ќе ги извршите задачите, подвлечете дека сте ги извршиле. Чувството ќе биде одлично и ќе ви послужи како мотивација да продолжите понатаму.

3. Оттргнете ги сите ваши негативни емоции


Дали се чувствувате загрижено за работата? Обидете се со следниот трик: наместо да очајувате, кажете си себеси дека сте доста возбуден поради тоа. Се` е до перспективата. Исто така, сетете се дека еден ден трудот некако ќе се исплати.