Кои се најсигурните и најризичните авиокомпании во светот?

Кои се најсигурните и најризичните авиокомпании во светот?

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Иако е општо познат факт дека патувањето со авион е најсигурно, сепак постојат некои авиокомпании кои би требало да ги избегнувате и да не летате со нив.

 

2


Минатата година беше доста чудна, кога станува збор за квалитетот на авиокомпаниите и сигурноста на нивните авиони. Од една страна се случија 19 авионски несреќи со смртоносни последици од дури 1.3 милиони летови, што е за седум помалку од 2013 година. Она што доста загрижува е дека минатата година починале 1.212 луѓе додека во 2013 година животот го загубиле 265 патници. Најголемиот причинител на две големи несреќи е „Malaysia Airlines (од кои еден може да се смета за терористички напад) и неодамнешниот пад на авионот на компанијата „AirAsia“ чијшто остатоци се`уште се вадат од морското дно. Овие три авионски несреќи заедно однесоа вкупно 699 животи.

Но, без оглед на сето тоа, воздушниот сообраќај се`уште се смета за најсигурниот начин на патување, а за да се чувствуваме уште посигурни, страната AirlineRatings.com секоја година ја објавува нејзината листа на компании кои треба да ги користите и оние кои треба да ги избегнувате. Во нивниот извештај се наоѓаат вкупно 449 светски авиокомпании на кои им се доделуваат звездички на скала од 1 до 7, а се гледаат и неколку фактори: од државни и меѓународни извештаи и инспекции преку пријавени инциденти и несреќи, па се` до нивната историја.

 

1


На прво место и оваа година се задржа австралиската авиокомпанија „Qantas“, која имаше совршена година. После неа следува „Air New Zealand“ (која е прогласена за најдобра авиокомпанија од самите патници), „British Airways“, „Cathay Pacific“ од Хонг Конг, „Emirates“, „Etihad Airlines“ од Обединетите Арапски Емирати, „EVA Air“ од Тајван, „Lufthanas“, „Singapore Airlines“ И „Finnair“ - сите овие авиокомпании добија седум ѕвездички.

Беше направена и слична листа со компании со ниска цена, кадешто првите пет се „Aer Lingus“, „Аlaska Airlines“, „Icelandair“, „ЈetBlue“ и „Jetstar“.

Кога станува збор за најопасните и најризичните авиокомпании во светот, 50 од нив добија три ѕвездички и помалку, а меѓу нив се наоѓаат „Yeti Airlines“ од Непал, „Air India Express“, „ASKY Airlines“, виетнамската компанија „Jetstar Pacific“, „Tajik Air“ и „SpiceJet“ од Индија.

 

avion


„Kam Air“ од Авганистан, „Nepal Airlines“, „SCAT Airlines“ од Казахстан и непалскиот „Tara Air“ дефинитивно се најризичните авиокомпании и токму затоа добија една ѕвездичка, а за тоа зборуваат и забраните за летови во авиопросторот на Европската Унија. Причините за ваквата ниска оценка воглавно се припишуваат на застарените авиони, лошите и нередовни услуги или бројните присилени слетувања.