Грантови за учество на програмата

Грантови за учество на програмата "The Women PeaceMakers"


Програмата е создадена за жени кои работат на градење мир и борба за човековите права. „The Women PeaceMakers“ е програма која вклучува учење, предавање и раскажување приказни за градење мир.

Секоја успешна кандидатка ќе има можност да разговара со писател кој ќе пишува за нејзината приказна. Примените кандидатки ќе поминат 10 недели на Универзитетот во Сан Диего, Калифорнија оваа есен. Може да се пријават кандидатки кои направиле значајно подобрување во поглед на мирот и човековите права во своите околини, воделе или создале организација или движење од областа и сакаат да се надградуваат во областа.

Учеството не се наплаќа, а четири успешни пријавени кандидатки ќе добијат целосни стипендии за живот и патување.

Рок за пријавување: 20 април.

Официјален повик.