Оглас за вработување во Фармацевтски факултет - Скопје

Оглас за вработување во Фармацевтски факултет - Скопје

Врз основа на член 131 од Законот за високо образование („Сл. весник на РМ„ бр. 35/08, 103/08, 26/09, 83/09, 99/09, 115/10, 17/11, 51/11, 123/12, 15/13 24/13, 41/14, 116/14, 130/14), член 16 и 34 од Правилникот за критериумите и постапката за избор во наставнонаучни, научни, наставностручни и соработнички звања и асистенти- докторанди на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје (Универзитетски гласник бр. 138/09; 173/11; 194/11; 250/13 и 274/13), Универзитет "Св. Кирил и Методиј"- Фармацевтски факултет -Скопје, распишува

KOHKУPC


За избор во насловни вонредни професори Се распишува конкурс за избор на:

1 насловен вонреден професор по група на предмети основи на молекуларна биологија со генетика и фармакогенетика
1 насловен вонреден професор по предметот фармакоекономија


Услови: согласно Законот за високото образование, Правилникот за критериумите и постапката за избор во наставнонаучни, научни, наставностручни и соработнички звања и асистенти- докторанди на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје и другите акти на Универзитетот.

Со пријавата кандидатите треба да достават: кратка биографија, докази за исполнетост на условите во Законот и Правилникот, (документите за завршено образование треба да се оргинал или заверена копија на нотар).

Пријави со комплетна документација се поднесуваат во рок од 8 дена од објавување на конкурсот, во архивата на УКИМФармацевтски факултет Скопје или по пошта на адреса:
УКИМФармацевтски факултет- Скопје, ул. "Мајка Тереза бр. 47 Скопје. Универзитет "Св. Кирил и Методиј "во Скопје Фармацевтски факултет- Скопје