Оглас за вработување во Технички факултет - Битола

Оглас за вработување во Технички факултет - Битола

Врз основа на член 131 од Законот за високото образование, Технички факултет- Битола oбjaвувa
КОНКУРС
за избор на наставник

Се распишува конкурс за избор на еден наставник во сите наставнонаучни звања од областите:

Мерења и инструменти; Енергетско и процесно машинство (Размена на топлина; Повеќе фазни системи); Ладилна техника и системи; Општо машинство, проектирање и машински конструкции; Животна средина.

Условите за избор се определени со Законот за високото образование.

Почетокот, завршетокот и распоредот на работното време и паричниот износ на платата (во бруго износ: 47.144,00 ден. 52.021,00 ден. 61.184,00 ден. за наставник се променливи и се определуваат во согласност со актите на Факултетот според распоредот на наставата во семестарот, ангажираноста и звањето во кое е избран наставникот (доцент, вонреден професор, редовен професор).

Кандидатите за избор во наставнонаучно звање кон пријавата поднесуваат: извод од матичната книга на родените, биографија, документ за стекнато образование, список на научни и стручни трудови и ло еден примерок од исгите.

Пријавите се поднесуваат преку пошта на адреса: Технички факултет- Битола ул. "Македонска фаланга" 33, или во архивата на Технички факултет- Битола во рок од 8 дена од денот на објавувањето. ТЕХНИЧКИ ФАКУЛТЕТ- БИТОЛА