Оглас за вработување во Тинекс

Оглас за вработување во Тинекс

Тимекс МТ е водечка компанија во малопродажбата која 21 година успешно ги препознава и ги задоволува потребите на современите потрошувачи нудејќи им постојано врвни и квалитетни производи. Доколку сте мотивирани, енергични, подготвени за нови професионални предизвици, и се стремите за нови успеси, оваа понуда 6и можела да биде можност токну за Вас.

Тинекс МТ вработува: 10 КОМЕРЦИЈАЛИСТИ (BRAND MANAGERS)

Основни задачи и одговорности:

•Комерцијалистот е одговорен за менаџирање на повеќе категории на производи. Менаџирање на категорија подразбира обезбедување на конкурентни производи, дефинирање цени на производите, обезбедување оптимален асортинан во рамките на категоријата;
•Подредување на производите во дадената категорија со употреба на Category management софтвер;
•Планирање и организирање на намалувања, промотивни акции, промоции и дегустации на производите во категориите со кои управува;
•Следење на трендовите на продажба на пазарот, следење на активности на конкуренцијата;
•Од комерцијалистот се очекува преку анализа на продажба и следење на трендовите на пазарот да обезбеди раст на продажбата и профитабилност на категориите со кои управува.

Потребни квалификации:

•Високо образование (предност имаат оние кои завршиле економски факултет)
•Претходно работно искуство во комерција ќе се смета за предност
•Одлично познавање на Windows и MS Office програии
•Добро познавање на англиски јазик. Познавање на италијански и германски јазик ќе се смета за предност.
•Возачка дозвола Б категорија

Услови:

•Почетна нето плата- 30.000 ден. со можност за зголемување.
Дополиително има можност за бонус во зависност од реализација на зададените задачи
•Работно време: понеделник- петок 08:0016:00 (сабота и недела се неработни денови)

Што очекуваме:

•Аналитички способности
•Иновативност
•Одлични комуникациски вештини и иницијатива
•Способност за тимска работа
•Личност со добри организациски способности
•Лојалност и одговорност
•Флексибилност за работа во динамична атмосфера
•Желба за професионален развој 

Доколку ги поседувате овие особини и имате желба за работа во нашата компанија, испратете ја вашата професионална биографија на email: tinex@tinex.com.mk или на адреса: бул. 3-та Македонска Бригада 6р. 56, 1000 Скопје со назнака за Оглас за комерцијалист, најдоцна до петок, 03. 04. 2015

Само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови ќе бидат повикани на интервју.