Тунелот Лаердал - најголемиот тунел во светот

Тунелот Лаердал - најголемиот тунел во светот

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Во Норвешка, практично е невозможно да одите од едно на друго место без да преминете планина или да се качите на траект за да поминете фјорд.

 

1


Оваа убава земја со својата сложена географија создадена од лавиринт на фјордови, глечери и планини оставаше голема можност норвешките заедници да останат изолирани една од друга за време на долгите зимски месеци. Иако можеби соседите живееле на половина километар еден од друг, на спротивната страна од фјорд или планина, но тоа било исто како да живеат во друг посебни светови. Ова било пред Норвешка да започне да гради широка мрежа на тунели. Ако една планина стои на патот, тие правеа пат низ неа. Доколку фјордот бил премногу голем за изградба на мост, тогаш тие оделе под него.

 

2

2


Во Норвешка постојат повеќе од 900 патнички тунели со вкупна должина од 750 километри и најмалку 33 подводни тунели. Се смета дека оваа бројка е многу поголема и дека има над илјада тунели. За земја како Норвешка, тоа се ужасно премногу тунели.

Најдолгиот од тие патен тунели е тунелот Лаердал. Овој тунел е долг 24.51 километар, и е најголемиот тунел во светот кој ги поврзува селата Лаердал и Аурланд, но во основа го поврзува главниот град Осло со Берген. За да биде појасно, станува збор за најголемиот „патен“ тунел. Вистинскиот најголем тунел е Готард тунелот во Швајцарија и е долг 57 километри, но го користат само возовите.

Одлуката за изградба на Лаердал тунелот била направена во јуни 1992 година, кога владата сфатила дека било потребно поврзување отпорно на снег и било какви временски услови помеѓу двата градови. Тунелот, кој е еден од многуте што лежат на должината на Европскиот пат E16, овозможува непречено движење на сообраќајот, а во исто време ја зачувува алпинистичката животна средина во регионот.

 

3

4


Еден од предизвиците со кои се соочиле инженерите беше како да го задржат вниманието на возачите низ 20 минутното монотоно возење. Ова беше од суштинско значење за возачите, бидејќи тие лесно можат да изгубат концентрација, со што лесно доаѓа до сообраќајни несреќи. За да ја разбијат монотонијата, тие се одлучиле за мали кривини, а на секои 6 километри била поставена пештера. Пештерите имале за цел да ја разбијат рутината и да обезбедат освежувачки изглед, дозволувајќи им на возачите да направат кратки паузи.

Особено внимание било посветено на осветлувањето. Била користена бела светлина, а пештерите се опремени со сино и жолто светло што дава илузија како да возите на дневна светлина на секои 6 километри, додека златната светлина дава илузија на изгрејсонце.

 

2