Воведен курс по астрономија... Пријавете се!

Воведен курс по астрономија... Пријавете се!



„Скопското астрономско друштво“ го организира 18-тиот Воведен курс по астрономија кој ќе започне на 2 април 2015 година.

Целта на курсот е запознавање со основните термини, принципи и факти од областа на астрономијата, а на посетителите не им се потребни предзнаења од оваа наука.

Предавањата ќе се одржуваат два пати неделно – вторник и четврток, во амфитеатарот на Факултетот за електротехника и информатички технологии (ФЕИТ) со почеток од 20:00 часот.

Предвидено е да се обработат 11 теми, од кои две ќе се одржат во Планетариумот при Младинскиот Културен Центар во Скопје и вклучено е теренско набљудување со најголемиот телескоп во Македонија. Предавањата ќе ги држат 8 предавачи, членови на „Скопското астрономско друштво“.

Повеќе информации може да се прочитаат на www.astronomija.mk

„Скопско астрономско друштво“ (САД) е здружение на граѓани, љубители на астрономијата, од различна возраст и националност кое е основано во 1998 година во Скопје. Целите и определбите на друштвото се ширење и популаризација на астрономијата како наука и обединување на сите љубители на астрономијата во нивната заедничка потрага по повеќе знаење, дружење и ведро небо.