Бактерија која произведува чисто злато

Бактерија која произведува чисто злато

Подготвил: Драгана Петрушевска

Бактериите живеат милиони години. Тие, исто како и луѓето, постојано еволуираат за да преживеат. Нивната еволуција направила тие да опстојуваат на места кадешто луѓето веднаш би исчезнале. Еден вид бактерија живее во златото.


Чистото злато е еден од најбараните материјали во светот. Во природата, златото се наоѓа заедно со хлорин, а двата метали сочинуваат многу отровна супстанца. За да добијат чисто злато, научниците користат една бактерија наречена cupravidus metallodurans.

Оваа бактерија живее во околини полни со тешки метали. Таа била откриена во 2001 година.

Научниците направиле експеримент со бактеријата. Тие ја ставиле во раствор од злато хлорид. Бактеријата го исчистила златото од токсините. Резултатот бил 24-каратно злато. По експериментот, научниците пронашле цело парче чисто злато на дното во епруветата.

Кој сака примерок од бактеријата?