Централноевропска конференција во Будимпешта за студенти и магистранди
Централноевропската конференција е за поврзување луѓе од регионот на централна и источна Европа за проширување на перспективите за важни проблеми од регионот. На конференцијата ќе се разговара за пазарот на акции, корпорации, компании, анализа на мрежи и украинската криза.
Конференцијата се одржува во Будимпешта, а на неа може да учествуваат студенти и магистранди од областа на социјалните науки, бизнисот и економијата од сите европски универзитети. Јазикот на конференцијата е англискиот. Учеството чини 120 евра, што ги покрива сите трошоци за сместување, храна и материјали. Конференцијата се одржува од 2 до 7 јули.
Рок за пријавување: 18 април.
Официјален повик.