Македонски наставници ќе земат учество на глобалниот светски образовен форум на  Мајкрософт во Вашингтон

Македонски наставници ќе земат учество на глобалниот светски образовен форум на Мајкрософт во Вашингтон

Новите технологии можат многу да помогнат во образовниот процес.

Образованието е една од клучните алки во развојот и подобрувањето на општествениот статус на секоја индивидуа, а тука улогата на наставниците е несомнено голема, во правилното насочување на младите и во нивното мотивирање. А доколку имаме мотивирани професори кои ги користат придобивките на новите технологии, тогаш со сигурност можеме да очекуваме иновативни и креативни идеи, и ученици со силна желба за учење.

Со цел надградување на знаењата и стекнување нови искуства македонските наставници Славица Карбева и Марија Петреска на специјална покана од Мајкрософт ќе земат учество на глобалниот светски образовен форум Global Educator Exchange кој во период од 28 април до 1 мај ќе се одржи во седиштето на Мајкрософт во Редмонд, Вашингтон. Станува збор за наставниците кои успеале на иновативен и современ начин да ја инкорпорираат едукативната пракса, иновативните технологии и вештини на 21 век во средината каде учат и работат учениците, и да им го пренесат знаењето на децата, да поттикнат нивна партиципација и активно вклучување во едукацијата.



Посетата е во рамките на програмата Microsoft Expert Educator која е дел и од неодамна потпишаниот меморандум за соработка меѓу Мајкрософт и Министерството за Информатичко Општество и Администрација, а со кој се обезбедува поголем пристап во програмите, ресурсите и технолошките алатки кои се дел од глобалните иницијативи на Мајкрософт.

„Горди сме на нашите наставници кои покажаа исклучителна иновативност  и очекуваме да не претстават во најдобро светло на глобалниот светски образовен форум во Вашингтон. Нашите залагања и соработка со овие наставници продолжува понатаму и во план е тие да бидат ангажирани во „ Expert educators“ програмата која е активна во текот на целата година и има за цел да отвори можности за професионален развој на професорите, интерактивни работни сесии и излагања на индустриски експерти, како и демонстрација и запознавање со најновите технологии. Ова нивно искуство ќе биде применето во рамките на македонскиот едукативeн процес преку организирани обуки и конференции на кои и останатите наставници од Макеоднија ќе имаат можност одблизу да се запознаат со совремните пракси во образованието и ќе им послужат како инспирација во нивата работа“ изјави Влора Адеми, Business Development Manager - Education во Мајкрософт,. Марија Петреска од основното училиште Христо Узунов Другово, Кичево која заедно со своите ученици од 7 8 одделение во PowerPoint креираа интерактивни инфографици кои за да бидат интерактивни и да одговараат на сите типови на  учење се поврзуваат со програмите Soundcloud (аудитивен тип), Office Mix (визуелен), OneNote (солитарен, социјален ) и Skype in the classroom (вербален). Учениците рачно направија клипарт и позадини и сами осмислија приказните.

Инфографиците се достапни на сите платформи што значи дека сега учениците можат да учат и на своите паметни телефони, што и беше идејата на овој проект, како да се задржи вниманието на учениците на мобилен телефон. Линк до веб страната на проектот http://infographing.weebly.com/

Професорката по математика Славица Карбева Стојковиќ од ООУ Петре Поп Арсов, Богомила во Редмонд ќе го презентира проектот Малите детективи, кој има за цел да им помогне на учениците при вработување. Проектот Малите детективи се стреми училницата да ја пренесе во животната заедница полна со различни професии.  Учениците и без претходно искуство, препорака и време, имаат можност да стекнат повеќе знаења, и да станат детективи, дизајнери, истражувачи на природата, трговци, програмери, наставници, актери, конструктори... Преку истражување, со активно користење на технологијата, децата решаваат  реални проблеми, дизајнираат иновативни решенија и притоа развиваат вештини потребни за идната работа. Како уникатен наставен метод се користи методот на Истрага. Повеќе деталите за проект има на www.littledetectives.com и на https://www.educatornetwork.com/Resources/LearningActivities/Details/3acf0628-a863-4ecb-98ac- d4c3613f2e35 

Наставниците ќе имаат можност да остварат контакти и разменат искуства со нивни колеги од целиот свет, да се информираат како полесно и поефективно да ги применуваат новите ИТ технологии во процесот на образование. Како процесот на образование да биде полесен, позабавен и поприемчив за децата, а тие да стекнат знаења кои ќе им помогнат во понатамошниот професионален живот.

Мајкрософт верува дека информатичката технологијата може многу да помогне во процесот на едукација, да го олесни учењето на децата, да им овозможува на студентите и возрасните да се дообразуваат, и да стекнат нови знаења кои ќе ги направи поконкурентни на пaзарот на работната сила. Информатичката технологија треба да биде силна алатка, која ги зголемува потенцијалите на индивидуите и ја поттикнува нивната креативност.