Оглас за вработување во Пивара Скопје АД

Оглас за вработување во Пивара Скопје АД

Пивара Скопје АД е една од водечките компании во Македонија. Успешната приказна се создава уште во 1924 година и е резултат на огромното залагање, енергија, знаење, искуство и тимска работа на голем број професионалци. 
Пивара Скопје АД е горда што е дел од големите интернационални семејства на Coca-Cola и Heineken. Можеме да се гордeeме со брендови кои се со врвен квалитет и се најдобри на домашниот и на светските пазари. За потребите на компанијата бараме: 

Работна позиција Личен Асистент

Работна позиција исполнета со предизвици, проектни и работни задачи, наменски обуки.

Што е тоа што бараме:

-Висока стручна подготовка
- ВСС Сертификат за посетувани семинари и курсеви за управување со канцеларија, административно работење и/или деловна администрација.
-Најмалку 1 година работно искуство во управување со канцеларија, вршење секретарски технички и административни задачи
-Познавање деловен англиски јазик
-Одлично познавање MS Office


Краток опис на основните одговорности:

-Одговара за извршување административни задачи делегирани од комерцијалниот менаџер, организира состаноци, управува со телефонските и електронските комуникации и обезбедува општа поддршка за потребите на комерцијалниот сектор, гарантирајќи доверливост, дискреција и чување на репутацијата и имиџот на компанијата.
-Управува со документацијата на секторот, прима и дистрибуира фактури, договори и други видови документи.
-Го следи календарот и ги забележува настаните кои бараат присуство на претпоставениот на состаноци, деловни средби и настани.


Работниот однос се заснова на определено време од 6 месеци.

Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок, 8 работни часа, од 08:00 до 16:00 часот.

Минимална основна брутоплата за тоа работно место е 30. 000, 00 МКД.

Висината на основната бруто плата зависи од тоа колку кандидатот ги исполнува условите за работното место. Избор од пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот на пријавувањето во зависност од бројот на пријавените кандидати.

Како да се аплицира:

Кандидатите кои ги исполнуваат наведените квалификации треба да аплицираат на следниов начин: електронски, преку вебсајтот на Пивара Скопје АД, www.pivaraskopje.com.mk, во делот за кариера и да испратат свое CV на следната адреса: Пивара АД Скопје, ул. 808 бр. 1 2, 1 000 Скопје, со назнака "Оглас" најдоцна до 07.04.2015 година.

Пристигнатите апликации по рокот предвиден за пријавување нема да бидат земени предвид.