Временските зони во светот претставени на една мапа

Временските зони во светот претставени на една мапа

Подготвил: Драгана Петрушевска

Идејата за временски зони била за првпат предложена на меѓународна конференција во 1884 година. До крајот на векот, идејата веќе била прифатена и започнала да се употребува речиси секаде.


Временските зони имаат цел да го решат проблемот со различните сончеви периоди ширум светот. Но, ништо на светот не е совршено. Како што е видливо на мапата, временските зони имаат мали грешки. На пример, Алјаска има иста временска зона, иако би требало да има две.

Потоа, Аргентина ја користи истата временска зона како и источен Бразил, за разлика од Боливија и Парагвај, кои се наоѓаат веднаш над Аргентина и ја користат истата временска зона како и западен Бразил.

Индија функционира според индиско стандардно време, но некои делови од земјата следат сопствени временски зони.

Кина се дели на 5 различни временски периоди во поглед на Сонцето, но земјата користи само една временска зона. Тоа понекогаш предизвикува потешкотии во западните провинции.

За споредба, ова се зоните со земјите.