Грантови за студиски престој во Москва

Грантови за студиски престој во Москва


Меѓународниот центар за развој на одржлива енергија на УНЕСКО во Москва доделува 20 грантови за студиски престој во период од четири недели од 5 до 30 октомври годинава. Целта на програмата е зголемување на способноста и изворите за развој во областа на одржливата и обновливата енергија во неразвиените земји и земјите во транзиција.

Јазикот на кој ќе се одржува програмата е англиски, но кандидатите треба да знаат и руски јазик. Грантовите ги покриваат сите трошоци на учесниците. Канидатите треба да имаат најмалку основна диплома по економија.

Рок за пријавување: 22 мај.

Официјален повик.