На Мистер Бин му е роденден, а еве неколку факти по тој повод

На Мистер Бин му е роденден, а еве неколку факти по тој повод

Подготвил: Драгана Петрушевска

Роуан Аткинсон има повеќе од 50 актерски улоги, но на целиот свет засекогаш ќе му остане познат по единствената улога на Мистер Бин. Серијата слави 25-годишнина! Да прославиме со неколку факти.


Идејата се родила на сцена. Телевизиското деби на Мистер Бин било во 1990 година, но Аткинсон се сетил на идејата за ликот деценија порано, за време на своите магистерски студии по електрично инженерство. Тој требал да глуми во студентска претстава, за која морал да измисли нешто во времетрање од 5 минути. „Само застанав пред огледалото и започнав да правам експерименти со изразите. Така еволуираше овој надреален, тивок лик“, вели тој.

Постојат само 14 епизоди. Иако ви изгледа дека сте виделе милион епизоди, впрочем сте гледале само 14. Секако, биле снимени и филмови, анимирана серија, видео игра, а биле напишани и книги.

Серијата била пренесувана во речиси 200 земји ширум светот. Ликот не бил преведуван, очигледно, па тоа го олеснувало пренесувањето.

На Аткинсон му помагал Ричард Куртис, режисерот на „Love actually“ во развивањето на ликот. Аткинсон бил инспириран од францускиот комедијант Жак Тати.


Името му било одредено по појавувањето на телевизија. Првиот избор бил Мистер Вајт (Г-ин Бел), но продуцентите започнале да даваат идеи за имиња на зеленчуци пред да се одлучат за Бин (грав).

Тој бил на Олимпијадата кога Лондон беше домаќин на Летните олимписки игри во 2012 година.

Аткинсон „го пензионираше“ ликот на крајот на 2012 година.

Во 2015 година, Бин оживеа - за погреб. На 13 март беше пуштен нов скеч, „Погребот“, за прослава на 25-от роденден на Мистер Бин.  

Никој не го предвидел успехот на Мистер Бин, дури ниту продуцентите на серијата.