Прогноза за времето денес и какво време не' очекува до крајот на неделата

Прогноза за времето денес и какво време не' очекува до крајот на неделата



Во Македонија ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди и ветровито. Попладне во северните, северозападните и североисточните предели нестабилно со локални врнежи од дожд.

Слаби врнежи во вечерните часови се очекуваат и во западните и југозападните предели.

Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен а понекаде и западен ветер. Ветерот понекаде ќе достигне брзина и до 30 км/ч.

Утринските температури од 0 до 8 степени, а максималните дневни температури ќе достигнат до 8 односно до 18 степени.

Во Скопје во среда ќе биде умерено облачно и нестабилно со локални врнежи од дожд и ветровито. Ќе дува умерен североисточен ветер. Утринската температура од 7 степени, а дневната ќе достигне до 14 степени.

По нестабилната среда, во четврток и петок се очекува стабилизација на времето. Ќе биде претежно сончево и топло. Утринските температури ќе се движат од -3 до 5 степени, а максималните дневни ќе достигнат до 7 односно до 17 степени.

Ова стабилно време нема да трае долго, веќе од сабота не очекува наоблачување. Ќе биде претежно облачно. Во текот на ноќта сабота кон недела се очекуваат врнежи од дожд. Минималните температури од -2 до 6 степени, а максималните дневни ќе достигнат до 5 односно до 15 степени.

Врнежите од дожд ќе продолжат и во недела во текот на целиот ден. На планините над 900 метри со врнежи од снег. Утринските температури од 1 до 9 степени, а максималната дневна температура до 3 односно до 13 степени.

Weather4all.com.mk