18-месечна тренинг програма за млади новинари од

18-месечна тренинг програма за млади новинари од "Дојче Веле"


Доколку за вас новинарството е повеќе од професија и е нешто за кое имате страст и за кое се интересирате, имате искуство и диплома или професионален тренинг може да се пријавите за тренингот во „Дојче Веле“.

Секоја година, повеќе од 500 луѓе од целиот свет се пријавуваат за учество на тренингот, на кој се примаат само 12 новинари. Процесот за пријавување има четири фази. Се бараат млади новинари кои имаат основно новинарско искуство. Тренинзите се одвиваат ширум целиот свет. Мора одлично да зборувате англиски јазик и основно познавање на германскиот. Новинарите ќе добиваат 1.590 евра месечно во текот на првите шест месеци, а 1.790 евра во следните шест месеци. Последните шест месеци, новинарите ќе добиваат 1.855 евра месечно.

Пријавувањето ќе започне оваа есен.

Официјален повик.