Лулашките се враќаат во мода - Ова го сакаме на улиците во нашите градови

Лулашките се враќаат во мода - Ова го сакаме на улиците во нашите градови

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Во некои дамнешни, пред-интернетски времиња, лулашките беа една од главната детска забава. Но, како што старееме така и го забораваме овој споменик на детството. Сега е време за враќање во минатото.

 

лулашки


Нема ништо потажно од глетката на празни лулашки како депресивно се ништаат на ветрот во некој пуст парк кои ги чекаат децата уште од самата појава на паметните телефони и таблетите. За жал, лулашките ја губат битката против модерната технологија, со што лесно е да се заклучи дека нашите деца и внуци ќе имаат можност да ги гледаат само во некои стари филмови или музеи. За среќа, се појави група на прогресивни архитекти и дизајнери кои веруваат дека војната се`уште не е завршена и со сите сили се трудат да ги вратат лулашките во нашите градови и да ги примамат и децата и возрасните.

Европа во тој поглед полека ги губи, но Северна Америка забележува пораст во користењето на забавните и уникатни лулашки кои се своевидно дизајнерско чудо. Вакви лулашк можете да забележите во Сан Хозе, Филаделфија и Шарлот и Бостон. Во Бостон минатата година беше поставена интерактивна инсталација наречена „Swing time“ која се состои од 20 светлечки кругови, а во секој од тие кругови има вграден брзиномер поврзан со алгоритам за промена на бојата во зависност од брзината на лулањето.

 

Екипата од монтреалската дизанјерска компанија „Daily Tous Les Jours“ ја постави „21 Balançoires“, на изглед сосема обична лулашка, која исто така свети во разни бои во зависност од брзината на лулањето, а нивниот додаток е да испуштаат различни звуци.