Фото: Илјада метри патека, илјада жени на неа

Фото: Илјада метри патека, илјада жени на неа


 
,,Ова е начин на кој жените покажаа дека здравјето е нивен приоритет. Денешната Женска Трка со бројка од околу 1000 жени, беше доказ дека припадничките на понежниот пол кај нас знаат како да се грижат за своето здравје- изјави Гордана Николовска од Сојуз на Спортови на Скопје.”

,,Овие жени кои денеска земаа учество во Женската Трка е успешна приказна која тие самите ја докажуваат за себе. Едно големо браво за сите девојки кои денес трчаа на патеката која за нив значеше здравје- изјави Кире Синадиновски од Виз Ер Скопски Маратон” Скопје (05.04.2015) Успешно реализираната Женска Трка, во организација на Сојуз на Спортови на Скопје, под покровителство на Град Скопје, по трет пат се оддржуваше во Градскиот Парк, со една и единствена цел: ,,Превенцијата од заболувањата започнете ја со вежбање”. Тоа беше доволен мотив за илјада жени да трчаат на патеката полна здравје, иако дождот втора година по ред сакаше да им пркоси на дамите. Неуморни, полни со желба за победа и водење на здрав живот беше денешната порака која допре до сите оние кои се залагаат за своето здравје.



Трката беше од ревијален карактер, со Аеробик час од 30 минути и 1000 метри патека за трчање значеше дека сите учеснички беа победници кои се залагаат за превенција од заболувања. Награди им беа доделени на најсреќните припаднички на понежниот пол кои беа извлечени на наградната игра по завршувањето на трката.

,,Ова е начин на кој жените покажаа дека здравјето е нивен приоритет. Денешната Женска Трка со бројка од околу 1000 жени беше доказ дека припадничките на понежниот пол кај нас знаат како да се грижат за своето здравје. Горда сум дека од година во година расте заинтересираноста на жените да се вклучат во активноста која го засега нивното здравје- изјави Гордана Николовска од Сојуз на Спортови на Скопје.”



,,Овие жени кои денеска земаа учество во Женската Трка е успешна приказна која тие самите ја докажуваат за себе. Едно големо браво за сите девојки кои денес трчаа на патеката која за нив значење здравје. Женската Трка е убава промтивна активност за Виз Ер Скопски Маратон кој ни претстои- изјави Кире Синадиновски од Виз Ер Скопски Маратон.”

Денешниот настан е начин на кој жените покажаа дека вежбањето, забавата и наградите одат заедно. Успешно реализираната Женска Трка е најава за Виз Ер Скопски Маратон, кој ќе се оддржи на 10-ти мај. Пријавувањето е во тек на следниот линк:

http://skopskimaraton.com.mk/prijavuvanje/.