Оглас за пракса во ЕВН Македонија

Оглас за пракса во ЕВН Македонија

EВН Македонија е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија во Р. Македонија. На македонскиот пазар компанијата влезе во 2006-та година како дел од групацијата EVN. Нашата најзначајна цел е сигурно и квалитетно снабдување на корисниците со електрична енергија по конкурентни цени

Дали сакате да го доживеете првото професионално искуство? Да научите како да извршувате интересни активности и притоа да докажете дека можете да се воодушевувате и ангажирате? ЕВН Македонија им нуди можност за извршување на практикантска работа на средношколците и студентите за време на летните месеци.

Можности за практикантска работа во ЕВН Македонија


Дали како студенти сакате да го преточите Вашето знаење во практични активности? Доколку сте студенти во последна, односно претпоследна студиска година на додипломски студии или студенти на последипломски студии на општествени или технички науки, знаете англиски јазик и работите во MS Office, доставете ни биографија и мотивационо писмо на praktikum@evn.mk

Исто така можете да аплицирате и online на https://www.evn.mk/Careers/OnlineApplication.aspx.

Ги очекуваме Вашите апликации најдоцна до 31.05.2015 година.

Во предметот на дописот наведете ја посакуваната област и град каде сакате да извршувате практична работа