Скриените желби на секојдневните предмети

Скриените желби на секојдневните предмети

Подготвил: Драгана Петрушевска


Иран Кројтору работи анимирана фотографија речиси две години. Неговиот најголем проект вклучува малку необични модели. Се работи за тивките предмети во нашиот живот, односно нештата кои ги користиме, оставаме и забораваме. Секоја фотографија започнува со едноставно прашање: „Што би сакале да правите денес?“

Електричната кула е уморна од деноноќно работење и сака да одлета од рутината. Фотоапаратите сакаат одмор. Можеби и тие сакаат да бидат фотографирани.