Стипендии за тримесечната сертифицирана академија - Life Tools Academy

Стипендии за тримесечната сертифицирана академија - Life Tools Academy

СТИПЕНДИИ ЗА ТРИМЕСЕЧНАТА СЕРТИФИЦИРАНА АКАДЕМИЈА – LIFE TOOLS ACADEMY

 

На лична иницијатива на г-динот Кирил Трендафилов, а со цел поддршка на личнот развој на најталентираните студенти од Република Македонија, во соработка со Националната Асоцијација на Престижни Академски Граѓани (НАПАГ), се распишува овој оглас за

СТИПЕНДИИ
на 10 најдобри студенти од факултетите во Република Македонија за присуство на сертифицираната академија за развој на креативни, иновативни и бизнис-вештини
LIFE TOOLS ACADEMY


1. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈАТА

- Студентот да има комплетирано најмалку една година од студии на прв циклус, на било кој факултет во Република Македонија
- Студентот да има просек повисок од 8.50


2. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

- Фокопија од потврда или страница во индекс за заверен трет семестар или повеќе
- Приложен индекс
- Краткa биографија (CV)


3. НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ

- Студентите да се пријават електронски на napag@napag.mk или на телефонскиот број 071 259 345 со оставање на податоци за нивно име, презиме, факултет, година, просек, контакт-телефон и email.


4. РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ

- Последниот рок за пријавување е 15.04.2015 година


5. ОПИС НА СТИПЕНДИЈАТА

- Ќе се стипендира личниот развој на 10 најуспешни студенти од факултетите во Република Македонија кои ќе имаат привилегија да присуствуваат на Life Tools Academy, првата и единствена тримесечна сертифицирана академија чија цел е да го надгради нивниот голем потенцијал преку стекнување вештини неопходни за успех во 21виот век и кои се барани од работодавачите. Повеќе детали за академијата може да се најдат на: http://napag.mk/wp/?p=1382


6. СЕЛЕКЦИЈА НА КАНДИДАТИТЕ

- Предност при изборот ќе имаат студентите од ИТ и бизнис-економските факултети.
- Процесот на селекција ќе се направи врз основа на пратените апликации, при што само селектираните кандидати ќе бидат повикани на дополнително интервју. Кандидатите кои ќе бидат избрани да ја добијат оваа стипендија, ќе присуствуваат на академијата која започнува во април 2015 година, а обуките ќе се реализираат во Битола.