Периоден систем на елементи кои исчезнуваат од Земјата

Периоден систем на елементи кои исчезнуваат од Земјата

Подготвил: Драгана Петрушевска

Голем дел од нас не се свесни дека секаде околу нас се наоѓаат ретки метали од Земјата. Тие се во вашиот телефон, компјутер и секој друг ЛЦД-екран.


Секаде ќе најдете индиум - метал кој го нема во големи количества на Земјата. Галиумот, кој испушта светлина од електричната енергија, се користи во полуспроводниците, ласерите и соларната индустрија. Рениумот, еден од најретките елементи на површината е потребен за производство на авионските мотори.

Секојдневно се потпираме на метали кои се ретки, ја оштетуваат околината или се наоѓаат само на некои места, како во Кина, Боливија или Конго. Колкав е ризикот дека еден ден нема да ги имаме овие елементи?


Ова е прашањето кое сакаат да го одговорат истражувачите од универзитетот „Јејл“. Тие се обидуваат да го дадат и одговорот.

Истражувачите создале периоден систем на елементи за кои сме во опасност да ги изгубиме. Металите како цинк, бакар и алуминиум имаат мал ризик, но елементите кои се користат за произвоство на современите технологии како арсен и селен не се воопшто лесни за наоѓање.


Истражувањето објавено во „Proceedings of the National Academy of Sciences“ открива дека треба да се внимава на металите кои се користат во електрониката, како галиум и селен. Кога станува збор за околината, металите како жива и злато имаат најголем ризик од исчезнување.