Фото: Медитеранска плажа во Охрид

Фото: Медитеранска плажа во Охрид



Министерството за транспорт кон средината на идниот месец ќе почне да ја уредува плажата во Лагадин. Прокетот чини 75 милиони денари, а плажата ќе биде готова во август летово, дознава економски.мк. Плажата Лагадин се протега почнувајќи од хотелот „Два бисери” кон југ во должина од 500 метри, зафаќајќи го просторот помеѓу патот (Охрид – Св.Стефан – Пештани – Св.Наум) и водената површина од езерото.

На потегот од петстотини метри предвидени се повеќе содржини: почнувајќи од сервисниот пункт, два шанка, два објекта со тоалети, тушеви и гардероби, објекти за сместување на лежалки и чадори, игралишта за деца, две платформи во вода, два мола за прифаќање на чамци, педалини и др. пловни објекти. Тие се позиционирани и организирани да може рамномерно и квалитетно да им послужат на корисниците. Во средниот дел од плажата ќе бидат поставени две дрвени платформи во езерото во групација од четири шестоаголници, изведени со двени колови, греди и даски. На плажата ќе бидат организирани атрактивни делови со лежалки и чадори (со различни бои и облици), дел со балдахини и слободни песочни делови за корисници кои сакаат сончење на песок, кабини за преслекување, тушеви, спортски терени за фудбал и одбојка на песок, детски игралишта, опремени со реквизити, куќички за спасители, јарболи со државно знаме, клупи , натписи/информативни таблоа и др.

На плажата покрај високата вегетација се организирани зелени оази со тревни површини и убави сенки. По целата должина на плажата ќе бидат посадени палми кои треба да го донесат духот на медитеранот.

Министерство за транспорт и врски