Оглас за вработување во КАМ
КАМ е водечки ланец маркети кој работи по концептот хард-дисконт. За потребите на Дирекцијата во Скопје, вработуваме материјален и финансов сметководител.
Основни дефиниција и цел на работното место
• Се грижи за прием на влезната пошта од маркетите, книжење на влезни приеми по фактура и испратница, води сметка за трошоци на маркети, контрола на квалитет на стоката од маркети, преноси на стока од маркет во маркет, книжење на фактури за продажба на стоки од маркет.
Потребни квалификации:
• ССС (средно образование) – економско училиште или гимназија;
• Работно искуство минимум 1 година во областа (сметководсвто).
• Аналитичен, ориентиран кон успех, оптимизација на тек на процеси, Високо развиено чувство за економичност.
• Јаки организациски, комуникациски вештини, можност за работа со рокови
• Способност за разрешување на проблеми.
• Одлични интерперсонални и комуникациски способности, пишани и усни за ефикасна интеракција со персоналот и другите одделенија.
Главни задачи
• Прием на влезна пошта од маркети.
• Ги книжи сите влезни фактури и испратници од добавувачи.
• Повратниците кои се добиваат за стоката од магацин ги предава на сектор Логистика.
• Ги спроведува мерките за проверка на документите кои се потпишани и се враќаат назад на книжење, каде доколку има неправилности во работата должен е да го извести Раководителот преку својата дневна ажурност која воедно се доставува секој ден.
• Ги книжи останатите документи како што се:
- Пренос од маркет во маркет.
- Трошок на маркет.
- Репрезентација.
- Контрола на квалитет на стока од маркет.
- Пренос на овошје од прва на втора класа.
- Се грижи за фактурите за продажба на стоката од маркет
- Задолжение за изготвување на табела со неделни/дневни планови на активности и неделни извештаи за спроведени активности.
- И други работни обврски од доменот на метријалното работење по налог на претпоставен.
Сите заинтересирани можат да испратат свое CV на мејл: vrabotuvanje@kam.com.mk