Образованието во Јужна Кореја е одлично, но децата се тие кои страдаат

Образованието во Јужна Кореја е одлично, но децата се тие кои страдаат

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Во Кореја, можеби најмногу отколку на било кое друго место, успехот во образованието е еднакво на социо-економскиот статус. Јужнокорејците образованието го гледаат како главен двигател на социјалната мобилност, и за себеси и за своите семејста.

 

кореја


Дипломирањето на врвен универзитет е единствениот услов за висок статус во општеството и притисокот се чувствува уште од рана возраст.

Конкуренцијата и напорното учење за да се биде најдобар се длабоко вкоренети во психата на корејските студенти; целиот амбиент кој го опкружува детето (семејството, родителите и наставниците) се активно вклучени и насочени кон истата цел - децата да бидат подготвени за тестот и да успеат да го положат. Учениците имаат јасен пат и јасна цел во нивниот ум уште на самиот почеток на нивното образовно патување.

Зошто Јужнокорејските ученици постојано доминираат на табелите?

Според глобалниот експерт за реформи во образованието Се Мајкл Барбер, корејската култура го наградува напорот повеќе отколку наследената интелигенција, и верува дека долгите часови поминати во учење и напорна работа навистина се исплаќаат.

Истражувањето открива дека ставовите и силните верувања на азиските родители влијаат врз академскиот успех на нивните деца. Истражувачите од Стенфорд Универзитетот велат дека азиските деца пронаоѓаат мотивација за да успеат во очекувањата на нивните родители.

Дали образовниот модел од Јужна Кореја може да се реплицира во друга држава?

„Да се биде јужнокорејски ученик нема никаква врска со слободата, личниот избор или среќата; целата финта е во производството, изведбата и послушноста“, тврди професорот Види Вон Ку.

Додека Финска се смета дека има неконкурентен систем на образование, образовниот систем на Јужна Кореја се смета за стресен, авторитарен, брутално конкурентен и е основан на заслуги. Тој предизвикува силен притисок за високи перформанси на учениците, поточно за 640.621 ученици кои полагаат осумчасовен тест наречен „сунеунг“, на национално ниво.

Овој настан има клучно значење за животот на јужнокорејските семејства - влегувањето во еден од најпрестижните универзитети го утврдува социјалниот статус на повеќето ученици и им обезбедува високо платена работа.

Образованието во сите области, посебно во науката и инженерството, се смета за клуч за мобилност во уште повисоко стратификувано корејско општество.Како последица на сето ова во последните неколку години се појави нов феномен: Даеји Ома или таканаречени „мајки прасиња“.

„Мајката прасе“ темелно истражува и има една единствена крајна цел: Универзитет од ајви лигата за нејзиното дете; таа го планира секој чекор од образовното патување на нејзиното дете и сите тие воннаставни активности - присуства на отворени денови, оранизирање стратешко планирање, лобирања па дури и мито во приватните училишта.

Дали јужнокорејскиот систем треба да се усвои во западното образование?

Интензивниот притисок за успех без разлика на цената веќе започнува да го зема и финансискиот и социјалниот данок: со оглед на тоа што универзитетските места се ограничени, Корејците трошат многу пари за на своите деца да им платат приватни часови.

Истражување од 2014 година за индекс на среќата вели дека само 67% од младите во Јужна Кореја се задоволно од својот живот, најмногу поради притисокот од учењето.

Истражување од 2013 година открива дека строгото родителство е помалку ефикасно. Заклучокот од истражување во 2013 година вели дека Јужна Кореја има највисока стапка на самоубиства (28.9%). Се смета дека самоубиството е број 1 причина за смрт кај луѓе на возраст меѓу 10 и 30 години.

Кореја исто така се наоѓа на високо место кога станува збор за долг на домаќинствата, депресија, разводи и консумирање алкохол.

И додека другите земји може да и` завидуваат на Јужна Кореја за водството на табелите, постојат културни фактори поради кои овој фокус на напорна работа нема да може да се повтори на други места, а со оглед на општествената колатерална штета, многу земји веројатно и не би сакале да се случи такво нешто.