"Michigan Micro Mote" - Најмалиот компјутер во светот

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Навистина зачудувачки е да се следи како технологијата се проширува, односно „намалува“ за толку брзовреме. Дали некогаш сте посакале да го носите во џебот вашиот компјутер?

 

комп


Запознајте го „Michigan Micro Mote (M^3)“, најмалиот компјутер во светот.

Со само два милиметар во пречник, компјутерчето е толку мало што може да собере 150 такви во еден напрсток. Но, немојте да дозволите големината да ве измами; компјутерот е доволно силен за да чита температури, да снима притисок, да фотографира и да се користи за радио комуникација.

Компјутерот е резултат на една деценија напорна работа на одделот на компјутерска наука од Универзитетот во Мичиген. Компјутерот содржи соларни ќелии кои ја полнат батеријата преку околната светлина, вклучувајќи ги и затворените соби без природна сончевца светлина, со што компјутерчето постојано работи. Минималниот Феникс Процесор (915 x 915 µm2) му помага на компјутерот да ја намали потрошувачката на енергија на само 500pW.

„За да биде целосен, компјутерскиот систем мора да има влез на податоци, способност за обработка на податоците, што значи дека го зачувува процесот и донесува одлуки за тоа што да направи следно. Другиот фактор кој го прави компетентен е способност за снабдување на сопствена енергија“, вели Професор Дејвид Блау, еден од големите убови позади проектот.