Славјански доделува 15 стипендии за најдобрите матуранти!

Славјански доделува 15 стипендии за најдобрите матуранти!




Што треба да направите?

1.    Пополнете ја  бесплатната апликацијата за пријавување.
2.    Доставете ја целокупната документација (скенирани свидетелства од прва до трета година средно образование) на следниов меил stipendii@msu.edu.mk најдоцна до 24 април 2015.
3.    Дојдете на тестирањето закажано на 25.04.2014 во 12:00 часот во Битола и во Св.Николе.
4.    Носете документ за идентификација.
5.    Видете ги резултатите од тестот.
6.    Очекувајте една од 15-те стипендии.

Литература за тестирањето

1. Факултет за економија и организација на претприемништвото: Економија за четврта година за реформирано гимназиско образование – Лила Дамеска;  Менаџмент за четврта година гимназиско образование – Бобек Шуклев, Маја Шуклева
2. Факултет за психологија: Психологија за средните училишта во Република Македонија – автор: Љуљзим Муртезани
3. Факултет за информатика: Информатика за средно образование – Даниела Ѓорѓевиќ
4. Факултет за безбедносно инженерство: општ тест по математика од средните училишта
5. Факултет за правни науки: Вовед во право –  Димитар Балајџиев, Добринка Тасковска, Миодраг Мицајков

Тестови од претходните години

Подолу се дадени тестовите од конкурсот за стипендирање од 2013-та година за да ви послужат како пример. Ве молиме имајте во предвид дека форматот на тестовите од оваа година е променет и се разликува од оние дадени подолу, односно вкупниот број на прашања ќе биде 40, од кои:

•    30 на заокружување (секое носи по 1 поен)
•    10 на дополнување (секое носи по 2 поени)

1. Тест по економија – 2013 година;
2. Тест по психологија – 2013 година;
3. Тест по информатика – 2013 година;
4. Тест по безбедносно инженерство – 2013 година


Лице за контакт:
Василева Бранкица
тел. +389 72 212 565
меил: stipendii@msu.edu.mk