Оглас за вработување во ШПАРКАСЕ БАНКА

Оглас за вработување во ШПАРКАСЕ БАНКА

ШПАРКАСЕ БАНКА МАКЕДОНИЈА АД СКОПЈЕ, дел од групацијата Steiermärkische Bank und Sparkassen AG од Австрија, како комерцијална банка на македонскиот финансиски пазар, ги нуди сите современи и високо квалитетни финансиски производи и дава поддршка на физичките и правни лица, со особено внимание кон малите и средни трговски друштва.

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје за своите потреби огласува слободнa работнa позициja:
САМОСТОЕН СТРУЧЕН СОРАБОТНИК ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КРЕДИТЕН РИЗИК ЗА КОРПОРАТИВНИ КЛИЕНТИ, СЕКТОР ЗА УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИЦИ (1 позиција, неопределено време со вклучена пробна работа од 6 месеци)

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:
- ВСС, економски факулетет;
- 5 години работно искуство во финансискиот сектор или работно искуство во ревизија (искуство во ревизорска куќа ќе се смета за предност);
- Одлично познавање на кредитниот ризик, на финансиската анализа и на домашниот и интернационалниот пазар и регулатива;
- Одлично познавање и работа на компјутер (MS Office);
- Одлично познавање на англиски јазик, предност имаат кандидатите кои го познаваат и германскиот јазик;
- Познавање на законската регулатива /прописите, познавање на процесите во банките и на регулативата на НБРМ;
Добри организациски и комуникациски вештини, вештини за самостојно планирање и одлучување, способност за работа под притисок, вештини за трансфер на знаење, ориентираност кон постигнување цели и тимска работа, работа во динамична средина;
- Возачка дозвола за Б категорија.

Опис на работното место/одговорности:
- Анализа на клиенти од аспект на кредитен ризик (проценка на ризик – “Risk Opinion”): иницијално одобрување, редовни годишни ре-одобрувања, пролонгации, рефинансирања, промени на услови;
- Анализа на проекти, инвестиции и оценување на нивната подобност за финансирање од аспект на ризик;
- Учество и подготовка на "due diligence" (длабинска анализа) за клиенти и учество во "due diligence" за проекти на Банката;
- Контрола на исполнување на условите утврдени во кредитните одлуки; - Одредување на конечен рејтинг на клиентите;
- Контрола на процесот на наплата на побарувањата од клиенти (освен за "Workout"), учество во одлучувањето за кредитните апликации;
- Обезбедува соодветна имплементација и усогласеност со внатрешните и надворешните процедури;
- Мониторинг на политиките, процедурите и извештаите со цел обезбедување на усогласеност со практичните потреби на Банката за постигнување на прифатлива рамнотежа помеѓу безбедноста и стабилноста, законските барања и потребата за профитабилноста на Банката во областа на Управување со кредитниот ризик за корпоративните клиенти;
- Учествува и предлага измени и дополнувања на постоечките политики, процедури, упатства и инструкции за Секторот ;
- Учествува во професионален развој и образование на вработените;

Работно време: дневно од 08:00 до 16:00 часот, 40 часа неделно, од понеделник до петок, работа во една смена – претпладне.

Почетна основна месечна нето плата: 46.000,00 денари.

Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена во зависност од бројот на пристигнати апликации.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горе наведените услови потребно е да испратат резиме (CV) и придружно писмо со наведување на работното место и доказ (уверенија, дипломи, препораки) за исполнување на условите, по пошта или да ги достават лично документите на адреса: ул.Македонија 9-11, Скопје, најдоцна до 24.04.2015 година.

Само апликациите кои ги исполнуваат потребните квалификации и услови поткрепени со докази ќе бидат повикани на тестирање и интервју.

Пристигнатите апликации после наведениот рок, апликации пристигнати по e-mail, како и некомплетните апликации нема да бидат предмет на разгледување.