Рекорден број средношколци денес ја бојкотираа наставата низ земјата

Рекорден број средношколци денес ја бојкотираа наставата низ земјата

Подготвил: Драгана Петрушевска

Според проценките, моментално во земјава настава не посетуваат 18.000 средношколци. Во меѓувреме, Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми молчи, и покрај бројните барања за средба од страна на средношколците.


Скопје, Тетово, Куманово, Струмица а од денес и Битола се вклучени во бојкотот на средношколците.

Сите градови имаат различни искуства во врска со бојкотот. Така, средношколците од СУГС „Никола Карев“ беа креативни и напишаа што му фали на образованието во земјава. 



Средношколците во Куманово од 4-те училишта каде се бојкотира бараат поддршка од граѓаните преку потпишување петиција.

Средношколскиот пленум е заедно со сите средношколци. Членовите на пленумот ги мотивираат своите соученици на разни начини, меѓу кои и овој:



Денес притисоци врз учениците нема. Најголемите притисоци беа забележани изминатата недела во некои скопски и кумановски училишта. Хелсиншкиот комитет објави соопштение за јавноста во кое го изразува своето незадоволство од заканите кон учениците.

„Уставот на РМ го гарантира правото на граѓаните, вклучително и децата мирно да се собираат и да изразуваат јавен протест. Користењето на ова право може да биде ограничено само во услови на воена и вонредна состојба. Во Конвенцијата за правата на децата, која Република Македонија ја има ратификувано и претставува дел од нашата правна рамка, ова право им се гарантира на децата во член 15 каде е наведено дека државите членки го признаваат правото на детето на слобода на здружување и слобода на мирно собирање“, пишуват од Хелсиншкиот комитет.

Средношколците се јасни за она што следува. Тие се сложни во своите намери за продолжување на бојкотот се' додека законот дозволува, односно 25 дена.