Сеавус организира бесплатна обука

Сеавус организира бесплатна обука


 
Како дел од Seavus Талент програмата, Seavus ќе организира уште една бесплатна обука, овој пат во областа на Телекомуникациските технологии. Обуката е наменета за дипломирани студенти или студенти запишани во последната година од своите студии за информатички и компјутерски науки, како и за сите оние кои имаат технички познавања од оваа индустрија и сакаат да се доедуцираат.

Обуката за една од водечките платформи за наплата ќе се состои од интерактивни предавања и практични вежби одржани од Seavus експерти со повеќегодишно искуство стекнато на проекти за реномирани компании. Со почеток во мај, во времетраење од 5 недели, сите учесници во обуката ќе имаат можност да се стекнат со техничко познавање за употреба, конфигурација и развој на нови функционалности и тестирање на платформата за наплата. Најуспешните учесници ќе добијат можност да станат дел од Телеком тимот во Сеавус и шанса да ја градат својата карира во најголемата ИТ компанија во земјава.

Во текот на 23 работни дена, учесниците во обуката ќе имаат можност да се запознаат и да научат повеќе за:

Концептот на конвергентна наплата
Рејтинг и менаџмент на корисници
Инсталација на платформата, работната средина и алатките кои се користат
Конфигурација на платформата
Употреба на Perl, EPM и Oracle PLSQL како јазици што се користат за развој на нови функционалности во платформата.
Тие, исто така ќе се стекнат со знаења за генерални процедури за тестирање, развој и кодирање.
Сите оние кои ќе аплицираат за обуката, ќе треба да поминат процес на техничко тестирање (основи на програмирање, Англиски јазик и логичко размислување) и најуспешните апликанти кои ќе го поминат прелиминарното тестирање ќе бидат избрани за учество на обуката. Сеавус во оваа обука, исто така, вклучува покривање на трошоци за транспорт и храна.

Повеќе информации за обуката прочитајте тука: http://seavus.com/media-center/news/telecom-billing-platform-training-organized-by-seavus

Сите заинтересирани можат да аплицираат на jobs.seavus.com, најдоцна до 25 Април 2015.
Датум на одржување на прелиминарно тестирање: 27 Април 2015