Потврдена разликата во шансите за успех меѓу богатите и сиромашните деца

Потврдена разликата во шансите за успех меѓу богатите и сиромашните деца

Подготвил: Драгана Петрушевска

Малите шанси за успех на сиромашните деца е проблем кој се забележува секаде низ светот.


„Сиромашните деца, без вина, се помалку подготвени од страна на своите семејства, нивните училишта и нивните општества за да ги развиваат талентите доволно како и богатите деца“, изјавува научникот Роберт Путнам од „Харвард“. Тој повикува на САД да го искористи секој талент најдобро што може.

Ново истражување од група економисти на „Харвард“, Министерството за финансии на САД и Лондонскиот економски факултет претставува јасна илустрација за начинот на кој недостатоците може да и' наштетат на економијата.

Истражувачите ги споредувале податоците од патентите добиени во САД и финансиските состојби на родителите на иноваторите. Со ова тие виделе колку родителите заработувале кога сегашните иноватори биле деца. Поточно, тие можеле да споредат колку често децата родени во сиромашни семејства добивале патенти во споредба со децата родени во богати семејства.


Очекувано, децата од семејства со повисоки примања почесто добивале патенти подоцна во животот. Тоа не изненадува, но изненадува големата разлика! Во табелата гледаме дека децата од семејства со повисоки примања значително почесто се наоѓаат на имињата на патентите како иноватори отколку оние од посиромашни семејства.

Обесправени не се само сиромашните, ами и оние кои не се супербогати. Очигледно, не биле битни ниту оцените на училиште. Во табелата долу се споредуваат оцените во 3 одделение и бројот на патенти за деца од сиромашни и богати семејства.


Јасно е дека богатите деца не се раѓаат поталентирани. Разликата можеби е во образованието. Во секој случај, нешто не е во ред и бара промени.