Моќноста на македонскиот пасош

Моќноста на македонскиот пасош

Подготвил: Драгана Петрушевска

Passport Index“ направи ранг-листа од пасоши според слободата на движење која ја има сопственикот.


„Passport Index“ е алатка за рангирање на пасошите од сите земји во светот. Зад алатката стои истоимена организација.

Вредноста на пасошите се одредува според повеќе параметри, но најважен критериум е визата. Со други зборози, пасошите кои бараат помалку визи за патување се погоре на листата.

Според тоа, „најсилни“ пасоши се американскиот и британскиот. По нив следуваат францускиот, јужнокорејскиот, германскиот, италијанскиот и шведскиот. На дното се наоѓаат пасошите на Јужен Судан, Сао Томе и Принчипе и палестинските подрачја.


Македонскиот пасош се наоѓа на 33-то место на листата. Македонците може да патуваат во 101 земја во светот без виза.