Оглас за пракса во Констан Дооел

Оглас за пракса во Констан Дооел

Констан Дооел е формиран во 2002 година.Оттогаш, фирмата прикажува постојан растеж и во последниве неколку години ја зацврстува својата позиција на пазарот во Македонија. Најдобар доказ за тоа се зголемениот број на задоволни клиенти и спроведени проекти.

Главните активности на фирмата се состојат од координација и управување на домашни и меѓународно финансирани проекти во Македонија, при што се нудат производи и услуги по мерка на клиентот, низ единствен динамичен баланс и ентузијазам комбинирани со сеопфатни домашни и меѓународни искуства во различни сектори.

Нашиот пристап се базира на нашето искуство и на фактот дека организациите треба во целост да бидат посветени на процесот на транзиција на општеството и обезбедување на квалитетни информации и партнерство помеѓу јавниот и приватниот сектор.

Нашите главни цели се постојана иновација на услугите, потполно задоволување на клиентите и заедно со тоа, поддршка во целокупниот развој на нестабилните транзициони економии. Денес ние сме една од водечките фирми за проектен менаџмент и консалтинг во развојниот сектор во Македонија.

Вработените и партнерите на Констан се посебно специјализирани за преведувачки и толкувачки услуги од сите светски јазици на балканските јазици и обратно, за пружање советодавни услуги и обуки за безбедност на храната, како и советодавни услуги во секторот за снабдување со вода и одведување и третман на отпадни води, како и посредување за медицински услуги и третман во Клиника бамберг, Германија.

Констан Дооел бара двајца практиканти од следните профили:

1. Административно-техничка работа и преводи - лингвист

Кандидатите од овој профил треба да бидат студенти на филолошки факултет од III или IV година (или апсолвенти), или пак студенти на економски факултет со одлично познавање на англиски јазик.

2. Посредување за медицински услуги

Поради нашата тековна соработка со Клиника Бамберг во Германија во посредување за медицински третмани и аквизиција на пациенти, во можност сме да понудиме пракса за студентите од медицински факултет.

Кандидатите треба да бидат со одлично познавање на англискиот јазик, а додека пак, германскиот јазик ќе се смета за предност.

Соработката со Клиника Бамберг ќе отвори многу можности за практикантите од овој профил.

Ве молиме, Вашите биографии да ги испратите на natalijacsbn@gmail.com