Времето денес... Прогноза за наредните неколку дена

Времето денес... Прогноза за наредните неколку дена



Денес претпладне не очекува претежно сончево време со локална облачност. Попладне нестабилно со врнежи од дожд ќе биде во северните, североисточните и источните предели.

Утре во утринските и претпладневните часови нестабилно со врнежи од дожд, попладне умерено облачно со сончеви периоди. Утринските температури од 2 до 11 степенин, а максималните ќе бидат во опаѓање и ќе се движат од 8 до 18 степени.

Во понеделник претежно сончево и топло со дневни температури кои ќе се движат од 12 до 22 степени.

Во вторник Македонија ќе биде под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса која што ќе услови врнежи од дожд и посвежо време со пад на температурите. Утринските од 0 до 9, а дневните од 3 до 13 степени.

Weather4all.com.mk