Затворот Бастој - најубавиот затвор во светот

Затворот Бастој - најубавиот затвор во светот

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

На околу 75 километри од брегот на Осло во Норвешка, постои остров кој е дом на 115 криминалци, вклучувајќи ги најопасните во земјата, осудени за кривични дела како убиство, силување и трговија со дрога.

 

1


Сепак, лежењето во затвор на ова место е како затворениците да се на одмор. Затворот не е опкружен со бодликави жици, ниту пак со електрифицирани огради, ниту пак вооружени чувари со кучиња. Затворениците живеат во мали дрвени куќички, се грижат за животните, садат култури и сечат дрво. За рекреација постои плажа кадешто тие се сончаат во текот на летото, за оние кои сакаат риболов има одлични места за овој спорт, јават на коњи, имаат сауна и тениски игралишта.

Овој вид на третман на затворениците обично ги збунува луѓето, а често пати и луѓето се пронаоѓаат навредени затоа што веруваат дека затворот треба да биде место на лишување на човек од сите задоволства и место за покајување, а не удобно место кое нуди се`. Меѓутоа, целта на овој затвор е да ги промени луѓето, и се чини дека Бастој успева во тоа. Само 16% од затворениците кои излегле од Бастој повторно направиле злосторство, во споредба со националниот просек на Норвешка кој е 20%, и од европскиот просек кој е 70%.

 

2

3


Според Арне Кверник Нилсен, поранешен гувернер на Бастој, се` е поврзано со ставот, почитта и само-откривањето: „Единствениот начин на кој ние ги менуваме луѓето е да ги ставиме во ситуација кадешто промената може да започне од внатрешноста на секој поединец. И тоа мора да започне од него, за тој да започне да се открива себеси на сосема нов начин, наместо да се гледа себеси како целосен неуспех“,  вели Арне.

Затворот Бастој охрабрува вакви драматични промени преку давање на способност на затворениците, често преку серија на избори. Затворениците во овој затвор сами донесуваат одлуки за тоа како треба да ги извршуваатнивните казни. Некои одлучиле да се посветат на животните - одгледување и грижење за коњи, грижа за говеда, овци или јагниња. Други се одлучиле за места како фармери, готвачи, менаџери на продавници, дограмаџии, механичари и оператори на ферибот.

 

4


Не постои повик за бутење наутро. Затворениците треба да бидат на работа навреме, и мораат да покажат дека се одговорни. Работниот ден започнува во 08.30 наутро и завршува во 15.30 во попладневните часови.

Во куќичките можат да бидат сместени до 6 луѓе, но секој човек има сопствена соба - единствено делат кујна и некои други објекти. Овозможен е само еден оброк во мензата, додека другите оброци треба да бидат приготвени. За својата работа добиваат околу 10 долари дневно, а им е дадена и хранарина секој месец.

Секој затвореник во Норвешка може да аплицира за трансфер во Бастој кога им преостануваат пет години казна. Секој вид на криминалец, вклучувајќи ги и оние кои се осудени за тешки кривични дела како убиство или силување, можат да бидат прифатени, се` додека се подготвени да живеат живот без криминал после ослободувањето. Голем број затвореници кои биле во затвор со максимална безбедност, се префрлаат во Бастој за да се прилагодат на нормалниот живот пред да бидат ослободени. Дури и краткиот престој се чини дека има големо влијание врз затворениците.

Самиот Бастој остров некогаш бил дом на суров малолетнички центар кадешто момчињата биле малтретирани од норвешката војска преку брутални дисциплински методи. Домот бил преземен од владата во 1953 година и затворен во 1970 година. Денес, Бастој е најлибералниот затвор во светот.

 

5

6